Како што е објавено на веб -страницата на српската Влада, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го зауздаат Албин Курти“.
Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре налудничавата политика што ја води Приштина“.
–Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос, предупреди Брнабиќ.
Претходно балканските медиуми јавија дека едно лице од српска националност денеска е рането од огнено оружје во Звечан, и дека се наоѓа во тешка состојба.