Ова го нагласи американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, одговарајќи на новинарско прашање дали САД очекуваат засилени средби меѓу политичарите и засилена комуникација Скопје-Софија откако Република Македонија не доби зелено светло за почеток на преговорите.
– Ќе продолжиме со нашите дипломатски ангажмани и во иднина, а го истакнуваме ставот дека иднината на Република Северна Македонија е во продолжување на процесот за членство во ЕУ, изјави амбасадорката Брнз по денешната церемонија на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД, во касарна Чојлија кај Петровец, на која присуствуваше заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.