За Бирото за развој на образованието Студијата ,,Однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст“ која ја одобрил нивниот екпертски тим не е спорна и прашањата: Дали сте помислиле да се самоубиете?
Дали повозрасно лице ве допирало по интимните делови на телото?
Дали би кренале нож на мајка и татко?
Како се чувствувате: машко, женско или не знам?
Дали би живееле: маж со маж или жена со жена?
Дали имате маќеа или очув“ кои ги одговарале деца на возраст од 11, 13 и 15 години се соодветни за да ја дадат сликата за нивното ментално здравје.
Менталното здравје на младите е поставено највисоко на приоритетите на грижата за детското здравје /во светски и национални рамки/, и за тоа има причини, сметаат од БРО од каде додаваат дека секако добро ги разгледале прашањата пред да ги одобрат.
Ваков тип на прашалник досега се спроведувал 6 пати а според добиените наоди децата сметале дека се ова многу важни теми за кои ретко некој ги прашал што мислат, и дека се среќни што можат да одговорат на нив, велат од БРО.
Според БРО од досегашните резултати кои ги добиле од изминатите 6 тестирања добиени се загрижувачки резултати, па се поставува прашањето зошто досега нема корекција во подбрување на образовните програми и на здравствено-образованите политики за унапредување на животот на младите во Македонија што е главна цел зошто се спороведува студијата.
Лидер: Зошто БРО ја одобрило студијата?
• Затоа што обработува теми од здравјето и добросостојбата на децата за која заедницата и институциите за грижа за децата, треба да знаат и можат да дознаат исклучиво од самите деца, и од голем број анонимно одговорени прашања на теми од нивниот живот, а во насока на носење политики за унапредување на состојбите и подобра заштита на СИТЕ деца во Северна Македонија.
• Затоа што е научно -истражувачка и меѓународно верифиукувана студија /се спроведува во 51 земја од 1982 год./ подржана од Светската Здравствена Организација. www.hbsc.org
• Затоа што во нашата земја се спроведува по 6-ти пат, од тим искусни истражувачи, професионалци во областа на унапредување на здравјето. https://hbscmacedonia.wordpress.com/about/hbsc-in-macedonia/
• Затоа што резултатите од 2018 година, на репрезентативен примерок ученици на истата возраст, се премногу загрижувачки за да ги затвараме очите и да престанеме да ги следиме.
• Затоа што по Ковид кризата, во која децата цела година беа лишени од училишните клупи и немаа можност за дружење и игра, што се нивни развојни потреби, со ова истражување добиваат шанса да одговорат како се, како се чувствуваат и како се справуваат со кризата.
Лидер: Дали БРО ги погледнало прашањата пред да ја одобри студијата?
• БРО ги знае прашањата на секое истражување, пред да го одобри, Истиот прашалник е поставуван и порано во нашата земја /2002, 2006, 2010, 2014, 2018) како и во многу други земји. http://www.hbsc.org/membership/countries/northmacedonia.html
Лидер: Сметате ли дека ова се прашања соодветни за истражување на здравјето кај децата на училишна возраст?
• За тоа дали се соодветни говорат многу претходни истражувања, околу тоа колку децата ги разбираат ваквите прашања и како се чувствуваат во врска со нив. Според наодите, децата сметаат дека се ова многу важни теми за кои ретко, ако некој воопшто ги прашал што мислат, и дека се среќни што можат да одговорат на нив.
• Прашањата што ги посочувате како „проблематични“, се прашања од менталното здравје. Менталното здравје на младите е поставено највисоко на приоритетите на грижата за детското здравје /во светски и национални рамки/, и за тоа има причини. Ментално зdравствените проблеми кај децата и младите се постојано во пораст, особено меѓу адолесцентите, во последната деценија.Тоа го потврдуваат и резултатите од Студијата 2014 и 2018 во која 45% од девојчиња (15 год.) од Македонија изјавиле дека неколку пати неделно чувствуваат нервоза, со знаци на нерасположение во траење од две недели во континуитет, и за тоа масовно пијат лекарства. Истото се однесува и на прашањата за сексуалното вознемирување и насилство, што се дел од темата насилства врз децата, за кои тие ретко кога информираат, а уште помалку бараат помош. И насилството е тема од највисок приоритет на листата на здравствени теми кај учениците /особено во Македонија/, со далекусежни последици по нивната добросостојба и квалитетот на нивните животи, додаваат од БРО.
Завчера во 158 училишта врз 6000 ученици почна да се доставува дека анонимната анкета, која според родителите е контроверзна, опасна и преку прашања на децата им се наметнуваат контроверзни и недолични содржини, акти и чинови по кои децата можат да посегнат ! Родителите велат овие прашања НЕМААТ ВРСКА СО ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА! Студијата ,,Однесувања поврзани со здравјето кај деца на училишна возраст“ е одобрена Министерството за образование и наука и Бирото за Развој на образование.