Најмалку 32 лица ги загубија животите откако рибарски брод со голем број мигранти се преврте во меѓународните води во близина на Пелопонез во јужна Грција, соопштија претставници на крајбрежната стража.

Истрагата на крајбрежната стража е во тек, а според достапните информации, на рибарскиот брод долг 30 метри во моментот на неговото превртување во близина на градот Пилос имало најмалку 400 лица, поради што се стравува дека стотици луѓе се водат како исчезнати, пренесува Катимерини.

Досега се спасени вкупно 104 мигранти.