Траорно е денска пред Собранието на Република Македонија. Повеќе полиција од народ во моментов, покажуваат фотографиите на нашите репортери.
Дополнително секој пратеник кој денеска се наоѓа во Собранието со себе има по најмалку пет телохранители кои треба да го заштитат од гневниот народ, јавуваат некои портали.
Полициско обезбедување има пред Собранието, ЕУ Инфо центарот, Бугарската амбасада и секаде помеѓу овие неколку критично точки.
Во исто време, додека пред собранието се собира голорак мирен народ да ја искаже својата непокорност, во Собранието се собираат народните избрници за обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Обраќањето на странскиот емисар е закажано во 13 часот, а обраќање ќе има премиерот Димитар Ковачевски.
Според информации од Собранието, се очекува седницата да трае два дена. Информацијата за францускиот предлог пред пратениците се очекува да ја образложи претставник од Владата, по што ќе почне собраниската расправа. Според најавите, во расправата ќе учествуваат речиси сите пратеници од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Се очекува Џафери да ги свика координаторите на пратеничките групи да направат последен обид Собранието да донесе усогласени заклучоци по Информацијата за францускиот предлог. Предлог заклучоци за францускиот предлог до Собранието достави и пратеникот од ДС Павле Трајанов, како основа за дебата за усогласени заклучоци. Доколку пропадне обидот власта и опозицијата да се усогласат за заклучоците, тогаш мнозинството и пратениците од албанскиот блок ќе ги изгласаат заклучоците предложени од власта. Нема информации дали ако нема договор, Трајанов ќе ги повлече своите предлог-заклучоци или Собранието ќе гласа за двата предлог-заклучоци. Извесно е само дека врз предложените заклучоци не ќе може амандмански да се интервенира.
Според нашите последни сознанија пратениците на ЛДП ќе гласаат ЗА предлогот. Пратеникот Павле Трајанов можно е да не се појави на седницата за гласање, а ДОМ веќе се изјасни дека ќе биде против предлогот.