Бадниковото гранче, симболот на Бадник се продава на пазарите, но и во продавниците во Србија, пишува Данас.рс.
Сите се различни зависно од големината и „содржината на аранжманот“. Цените се движат од 100 динари, до 300 или 500 динари ако со него сакате и поголеми гранчиња. Во некои делови од Нови Сад, бадниковото гранче во рамки на „акции“ го нудат за 50 динари. Во Зрењанин чинат до 399 динари. Во Зајечар чинат до 200 динари. Жителите на Мајданпек, бидејќи е опкружен со шума, самите си набавуваат од блиската шума.
Во Шабац ги има од 100 до 300 динари. Во Ниш може да чини и до 1.000 динари, зависно од аранжманот. Во Врање цените стигнуваат до 500 динари, а во Крагуевац најмалите бадникови гранчиња чинат 100 динари. Дел од аранжманите се со пченица, пченка или имаат дрвена подлога.