Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 7.595. Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети.

Според последниот билтен што го објави Министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, а на починати 8.898.

Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Но, за евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.