Бројот на лица уапсени од полицијата на вчерашните контрапротести во Лондон се искачи на 126, соопштија властите во британската престолнина.
Претходно вчера полицијата соопшти дека привела 82 учесници на контрапротестот против пропалестинскиот марш за жртвите во Појасот Газа.
Според податоците на полицијата, на главните демонстрации учествувале околу 300.000 луѓе, додека според организаторите биле близу 800.000.
Според полициските информации, меѓу екстремно десничарските учесници на контрапротестот, кои се собрале да го одбележат Денот на примирјето – годишнина од крајот на Првата светска војна, имало значителен број фудбалски поддржувачи. Тие се судрија со органите на редот во близина на воениот споменик Кенотаф.