Бројот на луѓе за кои е потврдено дека ги загубиле животите во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во февруари, само во Турција, според владините податоци, се искачи на 50.782.
„Меѓу нив има околу 7.300 странци“, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за турската Си-Ен-Ен.
Два силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија.