Заменик-началникот на пожарната служба на Мајами-Даде, Рид Џадала, денеска им соопшти на членовите на семејствата на жртвите дека уште десет тела се извлечени од урнатините и „остатоците на уште некои тела“.
Работниците следени од бурниот ветер и дожд се уште трагаат низ здробениот бетон на местото каде некогаш беше зградата „Шамплејн Тауерс југ“ во Сурфајд, фрлајќи го шутот со раце во корпите што потоа ги пренесуваат во верига од луѓе.
Екипите под бетонот не пронајдоа знаци дека има преживеани станари од зградата, што се урна во текот на ноќта, додека спиеле.