Бројот на жртви во Турција и Сирија немилосредно расте

Б
Свет 13.02.2023. 16:05

Осум дена по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, чуда се уште се случуваат. 174 часа под урнатините рано утринава 40 годишната Сибел Каја беше спасена во регионот на Газиантеп, а претходно во Хатај беше спасен и 7 месечниот Хамза.

Иако шансите да се пронајдат нови преживеани драматично се намалуваат, спасувачите продолжуваат со френетичната потрага по било каков знак на живот. Во Кахраманмараш пак, кој е еден од најпогодените градови во катастрофата, маж кој помина над 140 часа под урнатините пееше од радост кога спасувачите го извлекуваа на безбедно. 27 годишниот Мухамед Хабиб пееше стихови од куранот за време на неколкучасовната операција за да го извлечат од урнатините.

Иако помошта постепено пристигнува, сепак на терен ситуацијата и натаму е драматична, а со потрагата по преживеани, човечката катстрофа добива нови димензии. Бројни маркети и продавници во овој дел од Турција веќе се ограбени, а и покрај присуството на војската, дел од сопствениците често пати правдата ја преземаат и во свои раце.

Ситуациајта во Сирија пак е катастрофална спасувачите во земјата која и онака е опустошена од неколкугодишна граѓанска војна, велат дека речиси и да не пронаоѓаат преживеани. Иако конвој со помош веќе влезе во земјата, Сиријците се жалат дека не добиваат речиси никаква помош од меѓународната заедница.

Во двата земјотреси во Сирија и Турција до сега животот го загубија над 36 илјади лица, а очекувањата се дека бројот дополнително ќе расте. Спасувачите според најавите ќе продолжат да бараат преживеани уште неколку дена, бидејќи потоа шансите за живот под урнатините се еднакви на нула.


Подкаст

Подкаст