Индонезиските спасувачи продолжуваат со обидите да најдат преживеани под урнатините по смртоносниот земјотрес што вчера го уништи градот Цианџур на островот Јава. Во земјотресот загинаа најмалку 260 лица, меѓу кои и голем број деца. Властите предупредија дека бројот на жртвите најверојанто ќе се зголеми. Над 1000 луѓе се повредени а повеќе од 30 се водат се исчезнати.
– Тука сум затоа што треба да го најдам семејството – мојата снаа. Таа беше закопана под овој одрон.
Потресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала предизвика одрони, оштети најмалку 22 000 куќи и расели повеќе од 50 000 луѓе.