Жена на возраст до 50 години била убиена со нож попладнево околу 16:30 часот на плоштадот „Никола Пашиќ“ во Лесковац, објавија српските медиуми.

Според првичните информации, жената била убиена со нож, а осомничен за злосторството е нејзиниот емотивен партнер. Убиството се случило на отворено, на улица, пред очите на минувачите.

Сведоци изјавиле дека на настанот му претходела расправија, по што мажот наводно ја бркал жената по улицата, пред да ја усмрти.

По извршувањето на убиството, осомничениот бил уапсен и не пружил отпор при приведувањето. Неофицијално, тој е донесен на сослушување.

Поради увидот, плоштадот „Никола Пашиќ“ е затворен за сообраќај.

Жена била убиена со нож