Како што јави Агенцијата, дописник на БТА од Скопје ќе биде Маринела Величкова, чија професионална кариера е поврзана со покривање и анализирање на процесите на Балканот како главен уредник и директор на Радио Благоевград при Бугарското национално радио (БНР) и заменик главен уредник на бугарското радио Дарик.

– Како новинарка во Радио Благоевград, таа работеше на првиот директен радио мост Скопје – Благоевград, веднаш откако Бугарија ја призна независноста на Република Македонија во 1992 година. Величкова има голем број радио преноси, интервјуа, извештаи, анализи и коментари за процесите во Републиката Северна Македонија и нејзините односи со Бугарија, наведува БТА.

Агенцијата планира да има постојани дописници во сите соседни земји на Бугарија, а првиот е во Македонија. БТА потсетува дека нејзин постојан дописник од Скопје од 1992 до 1995 година беше Николај Колев, како и дека и Костадин Филипов и Мартин Минков беа редовни дописници на бугарски медиуми од земјава.

– Бугарската национална телевизија (БНТ) ја затвори својата дописничка канцеларија во Скопје во август 2010 година, а БНР на крајот на декември 2011 година. Прес-клубот на БТА во Скопје ќе биде веднаш до централниот плоштад и официјално ќе биде отворен на почетокот на 2022 година како дел од политиката на агенцијата, обединета под брендот „БТА национален прес клуб“, информира БТА, потсетувајќи дека во 2018 година во Скопје се одржа XIV Светска средба на бугарските медиуми.

Инаку, БТА во моментов има два национални прес-клуба во странство и тоа во Босилеград во Србија и во Тараклија во Молдавија. Агенцијата има и 18 национални прес-клубови во Бугарија.

– Целта на генералниот директор на БТА Кирил Валчев е да има прес-клуб во секој регионален град во Бугарија, како и во региони со бугарски заедници во странство. Националните прес-клубови на БТА се места за прес-конференции, дискусии, изложби, размена на искуства и обука на новинари, како и други настани каде институциите, организациите и граѓаните испраќаат пораки и објавуваат вести до БТА на национално ниво во Бугарија, а преку сервисот на англиски јазик – во странство. Сите прес-клубови имаат аудио-визуелна опрема и нудат можност за пренос во живо преку интернет, наведува Агенцијата.

Во мај годинава, генералните директори на МИА и на БТА, Драган Антоновски и Кирил Валчев во претставништвото на Европската комисијата во Рим потпишаа договор за размена на информации и професионална соработка, во присуство на претседателите на двете земји Стево Пендаровски и Румен Радев. Согласно договорот, секој ден двете агенции разменуваат вести на денот директно избрани од другата агенција, а другата агенција ги објавува на својата веб-страница без промена, експлицитно наведувајќи и цитирајќи го својот партн