Поранешниот специјален претставник на македонската Влада во преговорите со Бугарија Владо Бучковски во колумна за НоваТВ ја разработува идејата про или контра францускиот предлог. Според него, предлогот на француското претседателство со ЕУ е добра основа за надминување на спорот но да се надгради и да се допрецизира.

Според мене, францускиот предлог е добра основа за излез од блокадата наметната од Бугарија. Да треба да се надгради и да се допрецизира…НО, што е она што мора да го одбележиме како позитивно, несомнено тоа е решението за македонскиот јазик со кое дефинитивно веќе не се доведува во прашање употребата на македонскиот јазик во ЕУ. Во поглед на кревањето на ветото, има компромисна формула.

-Првата Меѓувладина конференција веднаш на 23 јуни, почетокот на преговорите по промената на Преамбулата на Уставот и вметнувањето на нашите сограѓани со бугарска самосвест во неа, вели Бучковски.