Специјалниот пратеник за Бугарија на Владата, Владо Бучковски смета дека брзо ќе се пронајде заеднички јазик со евентуалната нова бугарска влада предводена од Кирил Петков.

-Овој пристап кој тој го промовира, за волја на вистината е форсиран од македонска страна, од моментот кога јас станав специјален претставник на владата. Ја наследив веќе подготвената патна карта која ја усогласивме, и каде што се обидувавме преку активностите кои што ги правеше нашето Министерство за надворешни работи, да бидеме многу попрагматични и многу попродуктивни. Овде, затоа што говори и Кирил Петков дека е ова работен процес и не знае работните групи колку брзо ќе се усогласат, а јас знам дека веќе имаме документ кој може да одговори на овие барања, мислам дека брзо би нашле заеднички јазик, рече Бучковски во гостувањето на телевизија Телма.