– Верувам дека промените што ги ветија тандемот Петков и Василев имаат сериозно позитивно влијание врз македонската јавност. Довербата е прекршена меѓу нас, како што велите вие, и ни треба силна верба дека можеме да постигнеме решение – изјави тој за БНР, мислејќи на лидерите на „Промената продолжува“.
Бучковски го коментираше и претстојниот состанок на Европскиот совет во декември.
– Има проблеми на маса, мора да се бара компромис. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа. Колку брзо? Тоа е прашањето на кое немам одговор во моментов – истакна специјалниот пратеник за Бугарија.