Бугарија по кој знае кој пат ја крши, погазува и девалвира Виенската конвенција и се меша во внатрешните работи на една суверена земја. На три дена пред 34-годишнината од стекнувањето на Независноста, Македонија се соочува со бугарска офанзива сега насочена кон Уставниот суд на Република Македонија.

Прво, бугарскиот МНР преку писма „кенкаше“ и го кодошеше МКД судот во Брисел кај еврокомесарите, а потоа истото при изјава го стори нивниот премиер пред Претседателот на Советот на ЕУ.

Верувале или не, но крајно лицемерно официјална Софија која не почитува и игнорира ЦЕЛИ 16 ПРЕСУДИ на еминентниот Суд за човекови права во Стразбур за правото на здружување на Македонците во Бугарија, сега преку своите функционери  два пати во една недела го напаѓа Уставниот суд на Македонија. Дали идол им е Зоран Заев кој милуваше постојано да го корегира неговото „распупено“ судство и обвинилтелство? И да не им е, сигурно многу им недостига неговата понизност и безрбетност, заедно Ковачевски, Димитров, Османи и армијата инфантилни бескичмењаци кои ја водеа најсубмисивната политика во историјата…

Пред неколку дена шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, а сега и бугарскиот премиер Росен Жељасков, ја коментираше иницијативата пред македонскиот Уставен суд за оценка на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугариоја

„Неоправдано и излишно е обжалувањето во Уставниот суд на РМ на потпишаниот протокол кон договорот за добрососедство, кој предвидуваше секоја година да се прави преглед на исполнувањето на договорот, што е дел од договорот за добрососедство и е дел од консенсусот од 2022 година”, одговори Желјазков на новинарско прашање на заедничкиот брифинг со председателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој вчера беше во посета на Софија во рамки на неговата европска турнеја.

Ова е дипломатски преседан кој се случува во една палава членка на ЕУ на која Унијата постојано и прогледува низ прсти поради нејзината значајна улога во војната во Украина (половина од оружјето за Киев е пристиганто преку Бугарија).

Извор: Курир