Бугарското народно собрание го има признаено официјално македонскиот јазик како посебен и различен од бугарскиот уште пред 66 години и ова признание сè уште е во сила, така што актуелната реторика од страна на Софија за непризнавање на македонскиот јазик и негово дефинирање како бугарски дијалект е само обид да се продолжи со живкоистичкиот наратив за вештачки креирана нација што била присилно оттргната од своите бугарски корени, пишува „Нова Македонија“.
Овој наратив, Бугарија успеа да го наметне и пред официјален Брисел, блокирајќи потпишување на секаков договор на кој ќе стои терминот „македонски јазик“ и наметнувајќи го како пречка во процесот на македонските евроинтеграции, без оглед што своевремено го признала и е свесна дека станува збор за посебен јазик, различен од бугарскиот. Но уште потрагично е што ние самите влеговме во тоа сценарио и дозволивме создавање рамка и форма за дискусија за јазикот (!?) и, уште повеќе, поднесовме институционална унилатерална изјава со која просторно го ограничуваме својот јазик!?
Но „Нова Македонија“, поттикната од таквите настани, во многубројните свои истражувања поврзани со оваа проблематика, наиде на интересен податок што јасно потврдува дека Бугарија официјално го признала македонскиот јазик и тоа признание стои објавено во нивниот „Службен весник“, официјалното гласило во кое се објавуваат државните акти. Тоа фрла сосема друга светлина на наметнатиот лингвистички-културоциден зафат на официјална Софија.
Целата сторија на „Нова Македонија“.