Бугарија се наоѓа на седмото место во светот според смртност од Ковид-19 и е 67-ма по 14-дневна смртност.
Во возрасната класификација на случаите меѓу населението се забележива намалување на инциденцата во сите групи, иако во последните неколку дена има зголемување на 14-дневната инциденца кај лица под 39 години и постарите од 90 години.
Како што објавија бугарските власти, до 18 јули во земјата со прва доза на вакцина против Ковид-19 биле покриени само 18,1 отсто од населението, а целосно ревакцинирани се – 16,2 отсто, што земјата ја сместува на последното место меѓу земјите на ЕУ.
Властите во Бугарија имаат за цел да го задржат регистрираниот пад на инциденцата во земјата, како и да го подготват јавниот здравствен систем за одговор на можниот нов пандемиски бран на Ковид-19.