Бугарската влада одлучи да испрати хуманитарна и воено-логистичка помош за Украина, соопшти прес-центарот на Советот на министри, јави дописникот на МИА од Софија.

„Развојот од последните денови, кога мирната Украина беше неоправдано нападната од рускиот претседател Владимир Путин, предизвика вознемиреност и сочувство со украинскиот народ. Затоа бугарската влада одлучи да испрати хуманитарна и воено-логистичка помош во Украина“, се наведува во соопштението.

Со ова Бугарија се приклучува на групата од 25 земји донатори од ЕУ и НАТО.