Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во интервју за бугарската Нова истакна дека Северна Македонија треба да ги вклучи Бугарите во својот Устав рамноправно со другите народи.
Според неа, овој услов ја поставува бугарската држава да го промени ставот за пристапувањето на земјата во ЕУ.
-На крајот на декември беше испратена нота од нив за нашите барања и тие изјавија дека се волни и сакаат да започнат со промена на нивниот устав, рече министерката Генчовска и додаде дека Бугарија нема да прави компромиси.
Според Бугарија, засега нема резултат од македонска страна по искажаната подготвеност.
-И покрај притисокот, националната позиција на Бугарија ќе остане непроменета, изјави Теодора Генчовска.