Кампањата за избпорите ќе трае до 12 ноември, додека за претседател и потпретседател ќе заврши на 19 ноември 2021 година, во случај да има втор круг од претседателските избори.
За учество на парламентарните избори се пријавени 20 партии и седум коалиции, додека 24 партии, коалиции и иницијативни комисии имаат предложено кандидати за претседател и потпретседател, што е рекордна бројка.
Централна изборна комисија на Бугарија во четврток ќе ги објави во Службен весник регистрираните листи на кандидати, како и имињата на кандидатите за претседател и потпретседател на Бугарија.
ЦИК веќе го одобри техничкиот модел и заштитата на гласачките ливчиња за заедничките избори.