Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија.

-За жал, процедурата е многу тешка. Се налага согласност со ЕК и фирмата производител, независно дали ќе ги донираш или продадеш вакцините и тоа одзема долг временски период. Ние тоа добро го проучивме, рече Кацаров.

Тој истакна дека Бугарија има предност како земја-членка на ЕУ да располага со огромна количина од сите вакцини и оти располага со доволно вакцини за исполнување на своите потреби, додавајќи дека земјата располага со 13 или 14 милиони вакцини до крајот на годината.