Бугарската полиција стави во употреба дронови за следење на границите во обид да се избори со илегалното преминување на мигранти.
-Веќе неколку дена по наредба на министерот за внатрешни работи користиме дронови со кои ја покриваме целата територија на границата, изјави Станимир Станев заменикот главен секретар на Министерството за внатрешни работи.
Од една страна го контролираме протокот на бегалци, од друга – контрола на сопствените вработени, кои се лоцирани покрај самата линија, појасни тој во изјава за бугарски медиуми.. Според него, за 24 часа властите успевале да спречат околу 1.000 луѓе кои сакале да влезат во државата.