Бугарски државјанин е лишен од слобода на Граничниот премин Деве Баир

Бугарски државјанин е лишен од слобода на Граничниот премин Деве Баир откако кај него биле пронајдени недозволени предмети.

Како што информира МВР, на 12 јануари 2026 година околу 13:30 часот, на влез во државата, полициски службеници при гранична контрола и преглед, извршен во содејство со царински службеници, го привеле Н.И.Л. (47) од Република Бугарија. При контролата на патничко возило „хонда џез“ со бугарски регистарски ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.

По спроведената постапка, Основниот суд во Крива Паланка му изрекол парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.

На 13 јануари 2026 година во 02:10 часот, лицето било спроведено на Граничниот премин Деве Баир и предадено на бугарските погранични полициски служби.