Бугарскиот државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домени од Македонската академска истражувачка мрежа- МАРнет, дознава „Република“
Конкретно се работи за закупени домејни со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.
Еден од нив е и домејнот „музејтеракота.мк“. Овој музеј од Виница има само Фејсбук страница, но не и интернет страница.
Ваква и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живее во Плевен.
„Република“ се обрати до Василев и го праша поради кои причини ги закупил овие домејни но не добиле одговор.
Мора да се напомене дека закупот на вакви домејни не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп. Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок. Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор, пишува Република.