Екипата на bTV News во Македонија успеа да разговара со избодениот 29-годишен Драгомир. Мажот е на одделот за интензивна нега на хирургијата „Св. Наум Охридски“.
„Нашиот тим виде дека Драгомир има модринки на главата и лицето. Очигледно овие повреди се од тепање. Мажот е опериран во пределот на црниот дроб и моментално е на апарати“, пишува БТВ.
Неговата здравствена состојба е тешка, но стабилна. Нема опасност по неговиот живот. Тој за bTV изјави дека се уште е во шок од тоа што се случило.
Тој сподели дека им е благодарен на лекарите кои му го спасиле животот. Тој не сакаше да биде снимен на камера поради неговата состојба.
Лекарите што го лекуваат Драгомир објаснија дека не е препорачливо да се префрли во болница во Софија пред да се подобри неговата состојба. Мајката на Драгомир во петокот пристигна во Скопје и е покрај синот.
Очевидци од болницата изјавија дека Драгомир во болница во критична состојба го донеле неговите пријатели. Во итната медицинска помош лекарите го оперирале и му го спасиле животот.
Мажот има тешка убодна рана во пределот на стомакот. Неговиот напаѓач и е познат на полицијата, но се уште се трага по него.