Провокациите од Виктор Стојанов не запираат. Тој со неговата бугарска фондација „Македонија“ објави повик за Македонците велејќи: Вратете го вашето презиме во ов/ев и добијте 300 евра.
Стојанов, кој патем е прогласен за персона нон грата и му е забранет влез во Македонија, продолжува со своите провокативни објави насочени кон Македонија. Во најновиот статус објавен на Фејсбук, тој ги повикува граѓаните од Македонија да го променат презимето на „ов/ев“.
– Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во ов/ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија – пишува Стојанов во објавата.
Виктор Стојанов е познат во јавноста со своите активности на делење книги и подароци и со други провокации, но тие досега немаа забележлив успех. Таков последен е пример е кога тој беше активен и на пописот во Албанија каде „бараше“ Бугари, инцидентот со Христијан Пендиков, одбележување годишнина на раѓањето на Гоце Делчев и слично.