Премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите по завршувањето на заедничката средба меѓу македонската и бугарската влада во Софија рече дека Уставот на земјата сепак ќе го отвори патот кон Европската унија.

Според Ковачевски, сите детали за отворените политички прашања ќе ги разгледаат министерствата за надворешни работи на двете земји, пишува Алсат.

Ковачевски пред новинарите рече дека уставните измени се процес кој како држава мора да го направи на патот кон ЕУ, бидејќи Уставот ќе треба да се адаптира, а со оглед на тоа што државата е мултиетничка, заедниците имаат право да го бараат да бидаат дел од Уставот, за кој се потребни две третини од гласовите во Собранието.