Во анкета на Алфа Рисрч спроведена во Бугарија, 53,3 отсто од Бугарите не сметаат дека е можно да се формира нова влада во рамките на сегашното 47 Народно собрание. Со спротивно мислење се 41,6 отсто.
Анкетата покажува дека 33 отсто целосно го одобруваат напуштањето на политичката партија Има таков народ, 29 отсто сметаат дека има проблеми, но мора да се бара компромис за да се продолжи траењето на кабинетот.
Најголем дел, 38 отсто, се целосно против неочекуваниот потег, оценувајќи дека е уцена и обид за дестабилизација.
Според 32,2 отсто од испитаниците, најдобро е Владата што поскоро да поднесе оставка, 24,3 отсто сметаат дека треба да се задржи најмалку до есен, а 23,9 отсто се со став дека треба да го заврши целиот мандат.
Испитаниците дадоа прилично ниска оценки за работата на седумте партии застапени во парламентот, при што БСП има највисока, а ДПС најниска.
Над 75 отсто од испитаниците сметаат дека владата води неуспешна политика во борбата против корупцијата, финансиската политика, инфлацијата и надворешната политика.