Средбата се одржала на барање на бугарските организации испратено на 2 декември, откако еврокомесарот во ноември вети дека ќе ги прифати доколку му се обратат.

Бугари од Македонија денеска во Брисел се сретнале со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тие на средбата, како што јавува бугарската агнеција БГНЕС му се пожалиле на Вархеји дека бугарската заедница во земјава немала дијалог со властите во Република С Македонија, за што вложувале напори повеќе од две години

„Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“, изјавиле за БГНЕС Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски кои денеска се сретнале со еврокомесарот Вархеји.

Парламентот во РСМ, наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донесува законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во РСМ, додале тие.

„Очекуваме во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на РСМ да бидат вклучени прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, изјавиле тројцата претставници на Бугарите во Македонија.

Средбата се одржала на барање на бугарските организации испратено на 2 декември, откако еврокомесарот во ноември вети дека ќе ги прифати доколку му се обратат.