Бугарската фирма „Грејстон“ е одбрана да снабдува гас за потребите на ЕСМ за призводство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад, за загревање на град Скопје во текот на месец октомври. Според неофицијални информации, на јавниот повик на ЕСМ, чиј рок за доставување на понуди заврши на 22 септрмври, се јавиле три, а бугарската компанија во последен момент понудила најниска цена од 46,9 евра по мегаватчас.

Датумот на почеток на испорака, со оглед на тоа што грејната сезона започнува на 15 октомври, е флексибилен, а дневните количини ќе варираат од 1.200 до 5.000 мегаватчасови.

Според „Фактор“, станува збор за претпријатие поврзано со Тони Стефанов Баев, бугарски бизнисмен познат во јавноста по сопственоста над „Балкан Јутилитис“, компанија која неколку месеци го снабдуваше ЕСМ со гас изминатата грејна сезона.

Доколку топловодот не биде саниран под мосот „Беласица“, Регулаторната комисија за енергетика неодамна сопшти дека трошоците за парно греење ќе бидат многу поголеми, затоа што поинаку нема да може да се спроведува поевтината топлинска енергија од когенеративната електрана ТЕ-ТО.

Извор: Netpress.com.mk.