Славење на окупацијата на Facebook –  периодот на фашизмот како величествено време кога македонците биле бугари 

Бугарската фондација „Македонија“ објави фотографија од Охрид, датирана од 1941 година – период кога Македонија беше окупирана од фашистичка Бугарија, тогашен сојузник на нацистичка Германија. Објавата, споделена на нивниот официјален профил, е проследена со скандалозен текст:

„A magnificent photograph from Ohrid 1941. When Macedonians were Bulgarians and lived for United Bulgaria 🇧🇬🇧🇬🇧🇬“

Величествена фотографија од Охрид 1941. Кога Македонците беа Бугари и живееа во Обединета Бугарија бгбг

Фотографијата прикажува група во народни носии кои носат транспарент со карта на т.н. „Обединета Бугарија“, додека во позадина се гледа народ кој е собран на пречек на окупаторот.

Очигледно е дека дел од голем дел од насобраните лица се маса која не знае што ѝ претстои. Вистинската позадина на сцената не е „братска радост“, туку момент на страв и неизвесност под шепата на окупаторот. Истите слики со дочек може да се видат и на пречекувањето на српскиот окупатор. Неспорно,  меѓу нив имало и соработници и идни соработници.

 Наместо осуда, фондацијата ова го нарекува „величествено време“. Обидот за романтизација на еден мрачен период е не само манипулативен за нашиот идентитет и историја, туку и глорификација на фашизмот забранета со закони во Германија и други европски држави

Фактите за фашистичката „обединета држава“ која бугарската фондација Македонија ја слави

Царството Бугарија, од 1941 до 1944, изврши системска бугаризација и етничко чистење во Вардарска Македонија:

  • 7.200 македонски евреи депортирани во Треблинка – без ниту еден преживеан.

  • Над 6.000 македонци убиени ( 4 илјади партизани и околу 2 илјади цивили)

  • Илјадници срби, албанци, роми, власи и турци ликвидирани или прогонети.

Овој режим, денес, од страна на една бугарска фондација се слави како „единство“.

Коментар од YouTube: Пропагандата се шири на сите платформи

Во друг случај на YouTube-видео поврзано со историјата на Втората светска војна, се појавува коментар од корисникот „@БориславВълков-м7р“ кој пишува:

„More Macedonians died in the communist purges (bloody Christmas 1945) than Bulgarian massacre. It’s not fair Bulgaria to take responsibility for crimes we didn’t do.“

Повеќе македонци умреа во комунистички чистки на Крвавиот Божиќ 1945 отколку од бугарските масакри. Не е фер да се обвинува Бугарија за злосторства кои не ги сторила

Овој став е дел од широка пропагандна кампања – која преку терминот „Крваво Коледе“ и натарив на жртва се обидува да го претстави јануари 1945 како масакр врз илјадници Бугари, а не како расчистување со фашистички соработници или убиства на македонци кои не биле согласни со Југословенското раководство

Митот за Крвавото Коледе на Википедија

Но, фактите се јасни:

  • Т.н. „Крваво Коледе“ всушност е бунт на македонски војници од 15. артилериски корпус, што избувнал на 7 јануари 1945 на Скопското Кале, поради незадоволство од распоредот за испраќање на Сремскиот фронт.

  • Во самиот бунт нема убиени, а подоцна се извршени ликвидации воглавно врз осудени колаборационисти и припадници на контрачетите, дел од про-бугарското ВМРО (Михајловистичко).

  • Судските процеси се воделе пред специјализиран воен суд за предавство и нарушување на македонската национална чест.

Што навистина се случило во јануари 1945 – фактографска анализа

КРАТОК ХРОНОЛОШКИ ПРЕГЛЕД И ФАКТОГРАФСКА АНАЛИЗА

СКОПЈЕ – 7 јануари 1945 година

  • Настан: Бунт на македонски артилерци од 15. корпус во знак на протест против испраќањето на Сремскиот фронт. Демонстрантите сакаат наместо тоа да маршираат кон Солун, за да ја ослободат Егејска Македонија.

  • Слоган: „На Солун, на Солун – не сакаме на Берлин“.

  • Протест: Мирен, со марш, песни и без оружје.

  • Интервенција: Генералот Михајло Апостолски ги повлекува бунтовниците назад во касарните.

  • Последица: 38 лица се приведени, 2 дополнително, вкупно 40 обвинети за бунт.

На самиот ден (7 јануари 1945) нема убиени. Сите обвинети, со исклучок на неколкумина, се ослободени до крајот на 1946. Повеќето добиваат казни со присилна работа, неколку со смртни пресуди – подоцна поништени или заменети со затворски казни.

  • Според анкетата на „Нова Македонија“ во 1991 година, сите преживеани учесници потврдуваат дека немало стрелани ниту еден учесник, ниту масакр.

ШТИП – 14 и 15 јануари 1945 година

  • Настан: Сличен бунт како во Скопје.

  • Последица: 6 македонски војници се стрелани по брза постапка.

  • Потврдено и од Илија Ѓозев, началник на известувачката служба на 15. корпус.

ВЕЛЕС – подоцна во 1945 година

  • Настан: 53 затвореници во велешкиот затвор се стрелани.

  • Причина: Повеќето се осомничени или признати соработници со бугарскиот фашистички окупатор, дел и директни извршители на злосторства против Македонци и партизани.

  • Важно: Не се војници, не се поврзани со Бунтот на Калето, туку затвореници под обвинение.

КУМАНОВО – непознат датум (веројатно почеток на 1945)

  • Настан: Убиство на околу 50 лица (осомничени соработници на бугарскиот фашистички режим).

  • Судбина: Гробницата сѐ уште не е пронајдена. Не се евидентирани како воени бунтовници.

РЕСЕН – почеток на 1945 година

  • Настан: Убиени 17 лица од Ресен, исто така соработници или припадници на про-бугарски структури.

  • Контекст: Надвор од настаните од 7 јануари.

БАЗЕРНИК (Демирхисарско) – крај на 1944 / почеток на 1945

  • Настан: Идеолошки отпор против мобилизацијата на Сремскиот фронт.

  • Главен лик: Никола Коларов, кој се залагал за независна и обединета Македонија надвор од Југославија.

  • Казна: Првично 15 години затвор, одлежал 12.

Вкупна проценка на жртви (потврдени со извори)

ЛокацијаУбиени
Скопје0
Штип6
Велес53
Куманово~50
Ресен17
Вкупно~126

Никаде нема потврда за „1.200 убиени за 3 дена“, „23.000 затворени Бугари“ или „900 мртви на Кале“ – тие бројки се потполна фабрикација.
Дури и бугарскиот историчар Стефан Дечев ги демантира овие тврдења како „фантазии без научна основа“.

Осудување на бугарската фондација „Македонија“и спречување на глорификација на фашизмот

Славењето на окупаторот и периодот на фашизмот од страна на фондацијата претставува:

  •  Навреда за жртвите на фашизмот.

  •  Политичка манипулација со идентитетот.

  • Закана по историската вистина и европските вредности.

Да се разгледа ограничување или забрана за делување на организации како бугарската фондација „Македонија“, кои го величаат периодот на фашистичката окупација и го негираат македонскиот идентитет

Историјата не смее да биде средство за негација на вистината. Жртвите заслужуваат почит, не ревизионистичка карикатура.