Бугарски државјанин осуден за измама во Куманово – доби 4 години и 10 месеци затвор

Бугарски државјанин осуден за измама во Куманово – доби речиси 5 години затвор. За тоа се огласија од Основниот суд Куманово – донесена е пресуда со која 60-годишниот Предраг Миленков од Софија е осуден на 4 години и 10 месеци затвор за измама на 66-годишна кумановка.

Измама преку телефонски повик

На 31 јануари, Миленков заедно со непознати соучесници ѝ се јавил на оштетената, тврдејќи дека нејзината ќерка прегазила мигрант, а така се случила измама во Куманово. Под изговор дека е потребна отштета, успеале да ја убедат да им предаде 30.000 евра. Обвинетиот лично ги презел парите, но бил уапсен на 12 февруари.

Судска одлука и казнени мерки

Судот оцени дека измамата не само што ѝ нанела финансиска штета на жртвата, туку предизвикала и емоционални трауми, поради што изрече висока казна. Максималната предвидена казна во вакви случаи е 5 години.

Доколку обвинетиот поседува материјални добра, парите ќе му бидат одземени во корист на семејството.
По издржувањето на казната, ќе биде депортиран од Македонија.
Жртвата е упатена да бара дополнителна оштета преку граѓанска постапка.

Обвинетиот не призна вина

На судењето, Миленков не ја призна вината, тврдејќи дека и самиот бил жртва на друго лице. Тој не присуствуваше на читањето на пресудата. И обвинетиот и оштетеното семејство имаат право на жалба во рок од 8 дена.

Апел од полицијата

Полицијата апелира повозрасните граѓани да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви лажни телефонски повици. Доколку се сомневаат во измама, веднаш да го пријават случајот во полиција.

Нови измами

Освен ова, има и нови имами. Тоа се однесува на крадење информации преку наводна сметка за Нетфликс. Се испраќаат пораки каде лажно се вели дека е истечена претплатата, а тоа води кон сајт каде треба да се внесе и сметката.

(ФОТО) БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: На социјалните мрежи се шири нова измама каде преку Нетфликс се одземаат информации од кредитни картички

Извор: МРТ