Бугарија е исфрустрирана од Македонија, посведочи јавно и лично исфрустрираниот бугарски шеф на дипломатијата Герогиев , кој верувале или не, налик Зоран Заев се вмеша и во македонското судство. Георгиев во Брисел ја кодоши Македонија за неодамна поднесената иницијатива до Уставниот суд на земјава за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија. Според исфрустрираниот бугарски функционер, како што вели во писмото до своите колеги до земјите членки на ЕУ, ова да ти бил потег координиран со ВМРО-ДПМНЕ, и требало, замислете, да биде уште еден изговор Скопје да го избегне спроведувањето на договореното со Софија во јули 2022 година. Она, меѓу Петков и Ковачевски, двајца политички маргиналци кои откако ја „завршија работата“ ги снема од политичката сцена. Георгиев излажа, За Брисел, уставните измени да ти биле последен услов. Пред два месеци, кажа нешто сосема спротивно. Дека не се, ни оддалеку. Бугарски доктор Џекил и мистер Хајд…

Во „фазон“ на стартот на новата школска година. Бугарија се користи со првооделенски финти и со инфантилни писма ја кодоши Македонија пред „наставничката“ Марта Кос и останатите бриселски бирократи. Софија се вмеша и во македонското судство, што е надвор од сите нормативи и Виенски конвенции. Ова e флагрантно мешање во внатрешните работи на една суверена земја. На ова наликува писмото на нивниот МНР Георг Георгиев, до кое дојде „360 степени“, со датум од 1 септември, кое покрај до министрите за надворешни работи на земјите членки, дополнително е адресирано и до високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас и до еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Бугарија, никако да сфати дека Заевци и Тачевци веќе не ја водат Македонија. Нешто што многу им недостига. На страна што е неверојатно Георгиев да не знае дека судството и владата се одделни власт, извршна и судска. Можеби и тука им фали Заев со неговото распупено судство?

Во небулозниот допис, шефот на бугарската дипломатија, го пренесува ставот на Софија дека Владата на Македонија наместо да се придржувала и да го спроведе договорениот пакет чекори, што би го гаранирал нејзиното членство во ЕУ, води наводна политика на конфронтација, обвинувања и демек постојани негодувања.

„Со растечка загриженост ви го испраќам ова писмо на тема што предизвикува сè поголема фрустрација и за мојата земја и за Европската Унија“, вели исфрустрираниот шеф на бугарската дипломатија на почетокот на писмото.

Веднаш потоа, тој потсетува дека во јули 2022 година двете земји се согласиле за конкретни чекори, спакувани во пакет договор, кој би го гарантирал членството на Македонија во ЕУ, а кои, како што наведува Георгиев, било предизвикано од политиката на Скопје, да не ги спроведува на доследен начин преземените обврски.  Не кажа дека тоа го сториле Ковачевски и Османи фатени за „онаквите“ и со рацете во медот, но тоа не е битно за исфрустрираниот министер.

Оттогаш, вели понатаму исфрустрираниот шеф на бугарската дипломатија во дописот, последователните влади во Софија (8 избори во последните 2,5 години), доследно и праведно се справуваат со ова прашање, потврдувајќи го наводниот европски консензус (читај бугарски диктат), преку имплементација на својот дел од обврските од договорот, потпишан од македонските одроди од кои дел (Таче, Димитров итн.) веќе се и надвор од политиката, по „завршената“ антимакедонска задача.

Во таа, насока, Георгиев кодошки додава дека Бугарија јасно изјавила дека нема понатамошни услови кон својот сосед, освен она што веќе е договорено.„Сметам дека е важно да се напомене дека прашањето стана дел од довербата на нашите граѓани во самиот процес на ЕУ – ако сме се согласиле за нешто како Унија, ако споделуваме збир на заеднички вредности и цели, тогаш исходот од нашите договори ќе биде предвидлив и фер“, вели исфрустрираниот од Македонија Георгиев (како и 90% од Бугарите) во писмото.

Само два месеци претходно, истиот тој биполарен Георгиев нагласи „уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот како државотворен народ не е единствениот услов“. Како што рече, ова го посочува во случај да постои евентуална цел – доколку уставните измени се случат, а потоа се јават и останатите услови од европскиот консензус дека тогаш некој може да каже „ете, ви кажавме ли дека Бугарите немаат предвид само едно нешто“.

Сепак, ова не го спречува да менува ставови на два дена и  да наведе дека наводно другата страна, односно Владата на Македонија, одбивала да ги спроведе конкрените договори.

Позадина на сето ова е фактот што Бугарија и натаму останува домашно милениче на ЕУ, која и дозволува да аздисува со Македонија поради Украина. Повеќе од половина оружје до Киев е испратено преку Софија, а во план се неколку нови мега фабрики за оружје во бугарски Сопот, за што имаше проруски протести, а авомобилот на Фон Дер Лајен беше нападнат од протестантите.

Преземено од Курир