Кандидатот за претседател во Бугарија, Лозан Панов вечерва изјави дека дошол во посета на Македонија, за да подаде рака да го намали тонот на омраза меѓу двата народи.

-Сакам да повикам на разум и да направам мостови за да водиме нормален дијалог. Сметам дека дијалогот е важен и мораме да покажеме различно лице. Националниот интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ. Односите меѓу двете земји кога се лоши го дестабилизираат целиот регион, затоа што секогаш во еден спор и двете страни губат. Луѓето кои се уште ја сакаат титово Југославија и живкова Бугарија треба да отстапат од процесот и да дозволат луѓе да не обединат. Тонот на разговор е недоволно сериозен во последните 2 години, рече Панов во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.