-Централната манифестација е на 12 декември во Скопје, но сите градови и општини во Република Северна Македонија се поканети да учествуваат, тука е и градоначалникот на Општина Штип, кој ќе се вклучи во таа манифестација, иницијатива, а е под медиумско покровителство на агенциите МИА и БТА, вели Ангелов.
Појасни дека во градинката „Астибо“ ќе го изградат детскиот плоштад со урбана опрема за децата, а целиот проект чини 35.000 евра.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека со амбасадорот, Ангелов разговарале и за нови проекти, кои би можеле да се реализираат преку фондовите на ЕУ, односно преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу двете земји, еден од презентираните проекти е и реставрација на старите автентични куќи во населбите Ново Село, Стар Конак и Исар.