Како што вели тој, во неговата земја нема македонско малцинство.
-Во Бугарија нема македонско малцинство и тоа е став околу кој не треба да се дозволуваат компромиси. Очекувам дека јас и моите бугарски колеги во ЕП едногласно да го браниме тој став, без разлика на нашите политички убедувања и разлики. Поигрувањето со темата, која си ја дозволува екстремната левица на популисти како ирската пратеничка Клер Дејли, во најмала рака е во спротивност со вистината и во суштина претставува неправеден и пристрасен напад против нашата земја, посочил бугарскиот политичар, а објави сајтот „Епицентар“.