Бугарија не направи каталог и студија за артефактите што ќе бидат вратени во Грција.

Немаше ДНК анализа на посмртните останки што ќе бидат вратени во Бугарија за да се потврди дали се на цар Самуил. Она што го знаеме е дека цар Самуил и неговото семејство се погребани на островот Свети Ахил. Ова го кажа историчарот проф. Милко Палангурски од Трновскиот Универзитет во емисијата „Здраво, Бугарија“ на бугарската Нова тв. 

 

Според него, операцијата за враќање на останките од владетелот не била добро подготвена. Враќањето на коските е прашање на голема дипломатија, додаде историчарот.

„Пандорината кутија е отворена. Проблемот овде не е што враќаме, туку што нема список и никој не знае колку и што е тоа“,  истакна Палангурски.

Тој додаде дека овие артефакти што Бугарија ќе ги врати во Грција „се скриени речиси 112 години“ и нагласи дека нема информации за нив во Бугарија. Вели дека не е проблем дека останки се враќаат, туку дека нема список што се враќа.

Историчарот рече дека ова е многу важно прашање кое не трпи импровизации.