За оставката на бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев денеска ќе се гласа на вонредна седница на парламентот, пренесува МИА.
Оставката ја побара бугарскиот премиер Кирил Петков, кој изјави дека ниту еден министер во владата нема право на своја надворешна политика, особено на фејсбук.
Повод за неговата изјава беше објава на јанев во неделата, по што премиерот беше дециден дека ниту еден министер нема право да каже дека бугарската влада се потпира на него.
Петков коментираше дека Стефан Јанев не може да нарече „операција“ нешто во кое загинаа толку многу луѓе, а некои од нив останаа без покрив над главата и спиеја во метро станиците во Киев и Харков.
Ова ќе биде прва оставка во новата бугарска влада откако е избрана кон средината на декември минатата година. За нов министер за одбрана на Бугарија е предложен Тодор Тагарев, кој веќе еднаш ја извршуваше оваа функција во преодната влада на Марин Рајков во 2013 година.