Указот се очекува утре да биде објавен во вонредно издание на Службен весник.

Претходно денеска Службен весник ги објави имињата на пратениците и нивната политичпка припадност во 45-тото Национално собрание, што беше клучно за бугарскиот претседател да го издаде декретот за свикување на новоизбраниот парламент.

Виско позиционираниот претставник на владеачката партија ГЕРБ, Георги Георгиев, коментира дека логиката е лидерот на партијата со најмногу гласови на парламентарните избори да треба да биде премиер. Тој, исто така, за БНТ изјави дека ГЕРБ има подготвен владин кабинет, без да споменува имиња.

Електронското софиско издание „Факти“ јави дека владеачката партија во Бугарија за премиер го подготвува Даниел Митов, поранешниот шеф на дипломатијата во втората влада на Борисов.