Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков.
-Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат, изјави бугарскиот претседател Радев