Бугарскиот селектор Јасен Петров го објави денеска својот избор од 25 фудбалери за јунскиот циклус натпревари од новото издание на УЕФА Лигата на нации, кој Бугарија го започнува на 2 јуни со дуелот против македонската репрезентација во Разград.
Во бугарскиот национален тим се враќаат централните дефанзивци Божидар Чорбаџијски и Пламен Глабов, а дебитант на списокот на Петров е халфот Андријан Краев од Левски.
По дуелот со Македонија во Разград, Бугарија во јунскиот циклус ќе одигра два натпревари против Грузија, а ќе му гостува на Гибралтар.