Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение ја охрабри мешовитата Комисија за историски и образовни прашања да продолжи поинтензивно со своите напори со цел завршување на нејзините работи за сите периоди од заедничката историја согласно со член 8 став 2 од Договорот за пријателство и добрососедство и соработка.
Во согласност со договорите од Протоколот според чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 17 јули 2022 година, Министерството за надворешни работи на својата официјална страница го објави Записникот од првиот состанок на Меѓувладината комисија од чл. 12, одржана на 10 јуни 2019 година.
Во соопштение на бугарското МНР се наведува дека со Протоколот потпишан во 2019 година, владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија, ги прифатиле предлозите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања за заедничко одбележување на следните личности од заедничката историја на двете земји: Св. Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил, како и општи начела и белешки за содржината на учебниците за V одделение во Република Бугарија и VI одделение во Република Северна Македонија Праисторија и стара историја).
Во Протоколот од чл. од 12 јули 2022 година, пишува МНР на Бугарија, беше договорено во рок од еден месец двете страни официјално да ги објават сите резултати и препораки од досегашната работа на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања.
-Објавувањето на предлозите за 2019 година одобрени од владите е важен чекор кон информирање на јавноста во двете земји за резултатите од работата на Комисијата. Така, се создава потребната основа за да се продолжи со практично спроведување на друг договор од Протоколот според чл. 12 јули 2022 година – договор за календар на заеднички прослави за периодот 2022-2023 година за петте заеднички историски личности. МНР и се заблагодарува на Мешовитата комисија за историски и просветни прашања за досегашната активност и ја охрабрува поинтензивно да продолжат со своите напори, со цел да се заврши работата на сите периоди од општата историја, согласно чл. 8 ст. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, стои во соопштението на бугарското МНР.