Бугарското МНР ја повика на разговор македонската амбасадорка Поповска за случајот Кадриески, Османи бара да не се избрзува
Новата бугарска министерка за надворешни работи по инцидентот со Бекир Кадриески веднаш имала средба со амбасадорката на Македонија во Бугарија, на која јасно ја изразила загриженоста за овој случај и кажала дека очекува нашите власти да спореведат истрага.
„Веднаш беше преземена акција со објавување на јасен став на веб-страницата на мнр во кој кажавме дека оваа информација веќе стигнала до нас и баравме да ги имаме сите информации. тоа во моментов е во тек“, рекла Габриел, која изразила и загриженост поради говорот на омраза, кој за нив бил недозволив и неприфатлив. македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, пак побара да не се избрзува со класификации во јавноста за случајот Кадриески и да се дозволело институциите на системот да го расчистат овој случај. Потенцираше и да побарале од бугарското општество и медиуми да не избрзуваат, туку прво да се видело што точно се случуло. Според него, има две верзии за настанот, едната на напаѓачот, другата на нападнатиот и тоа треба да го расчисти обвинителството. доколку има елементи, османи ќе реагира, бидејќи како што потенцира, „тоа е прашање што ние нема да дозволиме да стане тренд во државата“.