Бибер кој е и добар познавач на приликите во регионот на Западен Балкан вели дека дури и повеќе безобразно од грчкото вето. Овој став го поткрепува со тоа дека Бугарија става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство.

-Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и повеќе безобразно од грчкото вето затоа што става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство.

Според него, нема многу симпатии за позицијата на Бугарија во ЕУ, која е, вели, дури и смешна, но смета дека таа оди во прилог на некои земји членки кои прикриено сакаат да го одложат проширувањето.

– Проблемот е во тоа што ЕУ е блокирана и што една членка може да ја задржи блокадата, освен ако остатанатите не ја направат цената за таквата позиција превисока. Неколку членки се обидоа да преговараат и да најдат решение, вклучувајќи ги Германија и Португалија како земја претседавач во заминување, но не беа успешни, вели Бибер.

Можност за решавање на спорот со Бугарија, според Бибер има шански но по изборите на 11 јули во соседна Бугарија, и до октомврскиот самит со Западен Балкан, но сепак се ќе зависи од бугарските избори, нагласува Бибер меѓудруто во интервјуто за МИА.

Софија останува на позициите да ја блокира евроинтеграцијата на Скопје. Тој го оценувате продолженото вето од Бугарија за стартот на преговорите на  Македонија со ЕУ како неоправдано и  злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ.

– Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и побезобразно од грчкото вето затоа што става вето на Македонија откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство, вели тој за МИА.