Германскиот Бундестаг денеска го отфрли предлогот на владата за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот за постарите граѓани.
Во Бундестагот 378 пратеници гласаа против воведувањето задолжителна вакцинација за граѓаните над 60 години, а 296 го поддржаа владиниот предлог, девет пратеници беа воздржани. со тоа германската влада на канцеларот Олаф Шолц го претрпе првиот значаен пораз во Бундестагот. Поради големи внатрешни дебати, владејачките СПД, Зелените и ФДП ја укинаа „партиската дисциплина“ за оваа седница, односно обврската пратениците да гласаат еднакво.
Министерот за здравство Карл Лаутербах изрази разочарување од отфрлањето на предлогот за воведување задолжителна вакцинација за лицата над 60 години.
-Тоа е големо разочарување, бидејќи е отфрлена важна одлука и сега ќе ни биде многу потешко да се бориме против короната наесен, рече тој.