Модерен објект на површина од 1.800 квадратни метри

Во населбата Бутел 2 започна изградбата на нова современа детска градинка, проект што жителите го очекуваа со години. Градоначалникот Дарко Костовски денеска изврши увид во текот на градежните активности и порача дека ова е капитален чекор кон подобри услови за најмладите во општината.

Градежните работи се одвиваат со одлично темпо. На местото на стариот објект, изграден во 1964 година, никнува нова градинка со површина од 1.800 квадратни метри. Проектот предвидува три влеза, седум занимални со исто толку спални соби, дополнителни две занимални со заеднички спални, како и просторија за јасли.

Објектот ќе располага и со изолациона соба, медицинска ординација и млечна кујна, исполнувајќи ги сите услови за згрижување на 200 деца.

По години ветувања, конечно инвестираме во најмладите

„Ова е капитален проект и најголема инвестиција во Бутел 2. Општината останува посветена на создавање најдобри услови за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во секое населено место“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.

Со изградбата на овој современ објект, Општина Бутел покажува дека вложувањето во иднината започнува со грижа за најмладите жители.