Оттаму истакнаа дека стојат зад учениците и нивните родители и дека се на располагање на сите кои јавно сакаат да го споделат проблемот.
– Ова е срамно и за секаква осуда! Ние нема да преќутиме! Заедно со нашите родители ќе се бориме до крај! Министерке, уште еднаш покажавте дека вашата фин(ск)а страна е совршена само кога ќе се упалат камерите и ќе се пуштат микрофоните!, порачаа од Средношколски глас.